VideoPlayer_Redesign_Blog

За проблемите кои што ги има Flash се разговара веќе одамна, а исто така достапна е и долгоочекуваната алтернатива HTML5. Тоа им овозможи на доста сервиси постепено да почнат да го користат HTML5 наместо Flash, а најпознатиот пример за тоа е YouTube.

YouTube подолг период нуди можност за користење на HTML5 плеер за нивните видеа, а почнувајќи од крајот на јануари оваа година, овој плеер стана и стандардниот, односно корисниците веќе нема потреба посебно да го вклучуваат.

Како што истакнаа од YouTube, HTML5 плеерот овозможува одредени предности меѓу кои и поголема компресија на видеата што овозможува намалување на нивната големина, како и прилагодување на брзината на стриминг.

Оваа недела Twitch, познатиот сервис за видеа за и од гејмерите, најави дека и тие постепено ќе почнат да се префрлуваат на HTML5, по што Flash веќе нема да се користи.

Префрлувањето ќе биде во фази, односно сега само контролите на видеата од каналите ќе бидат во HTML5, а во наредните месеци ќе се продолжи со промените.

Корисниците исто така постепено ќе ја добиваат промената, па нема сите веднаш да можат да го користат новиот плеер.

Извор: Twitch

Претходна статијаПристигна Windows 10 – еве што треба да знаете за најдобриот оперативен систем од Microsoft
Следна статијаYouTube на Android почна да ги прикажува вертикалните видеа на цел екран
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.