11988450_853647234705063_2276455042465940972_n

Во трите години од претставувањето, може да се каже дека Tinder стана една од најпопуларните апликации наменети за запознавање помеѓу луѓето. Една од главните причини за тоа е едноставниот принцип на работа на апликацијата.

Како што сигурно знаете, Tinder работи на принципот на повлекување лево или десно, со што избирате дали личноста која што е прикажана ви се допаѓа или не, толку едноставно. Со личностите со кои што взаемно имате избрано дека си се допаѓате, можете да комуницирате преку пораки, па како тоа ќе се одвива и колку останува ваш избор.

Меѓутоа, како и за се во денешното време на огромен избор, за една апликација да остане актуелна, мора редовно да биде надградувана, односно да и бидат воведувани нови функции, можности, покрај промена на самиот изглед.

swipe_up___match-2

Tinder, интересно на почеток само за корисниците од Австралија, воведува трета можност покрај досегашните две. Корисниците ќе имаат можност да изберат Super Like за одредена личност и со тоа да и покажат дека навистина им се допаѓа, односно повеќе од другите.

Личноста која што е супер лајкната ќе може да го види истото, односно кога ќе и биде покажан профилот на личноста која што има притиснато Super Like, на истиот ќе стои лента во долниот дел кој што ќе го означува истото.

super_like_indicator

Ова треба можеби да помогне во одлуката дали таа личност ви се допаѓа, а доколку изберете дека ви се допаѓа, спојувањето ќе биде инстантно.

Корисниците ќе имаат можност за еден Super Like во денот, а неискористените нема да може да се собираат и искористат друг ден. За почеток можноста е бесплатна, меѓутоа не е чудо да почне да се наплаќа за повеќе од еден Super Like.

Извор: Tinder, VB, Cnet

Претходна статијаCortana ќе биде интегрирана во некоја од наредните верзии на Cyanogen OS
Следна статијаНајновите Lumia модели ќе бидат преставени на 10-ти октомври
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.