swipe_up___match

Минатиот месец Tinder претстави нова можност, покрај стандардните Like и Dislike, односно повлекување на лево и десно. Новата можност е наречена Super Like и е наменета за оние личности кои што навистина ви се допаѓаат, односно се истакнуваат повеќе од другите.

Super Like опцијата се избира преку повлекување нагоре или преку притискање на новото копче во форма на ѕвезда во сина боја. Притискањето на Super Like на некој корисник овозможува истиот да го види истото, кога вашиот профил ќе биде прикажан.

Ова би требало да предизвика поголем интерес кај корисниците, а и побрзо спојување на личностите кои што си се допаѓаат.

messages_combo

Кога беше најавена, можноста беше пуштена само на ограничена бројка на корисници во Австралија. Истата од оваа недела е пуштена за сите корисниците, па може да се очекува надградба во периодот што следи.

Од Tinder истакнуваат дека тест периодот во Австралија покажал дека корисниците имаат до три пати поголеми шанси да бидат споени со некој за кој што стиснале Super Like, a разговорите помеѓу овие корисници траеле до 70% подолго од обичните.

super_like_data

Извор: Tinder, TechCrunch, Engadget

Претходна статијаFacebook со новини за профилите на мобилните и можност за поставување видео наместо слика
Следна статијаНовиот безжичен полнач на Samsung е доста побрз од останатите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.