gmail-f

Во денешно време ретко кој ги брише пораките кои што ги има на познатите мејл сервиси, како на пример Gmail. Тоа овозможува пребарување на пораки кои што се добиени години наназад, а со тоа и пронаоѓање на корисни информации.

Корисниците досега при пребарување во Gmail добиваа резултати од сите папки, освен од спам папката. Тоа е така поради тоа што Google сериозно гледа на спам пораките, односно нивното филтрирање поради заштита на корисниците, иако не ретко и обична порака која што ни е потребна знае да биде ставена во оваа папка по „грешка“.

Поради тоа, Google ја додава и спам папката во група со останатите во индексирањето на содржината за можност за пребарување. Доколку тоа што го барате е содржано и во спам папката, посебно известување ќе го истакне истото, па самите ќе можете да одлучите дали би сакале да ги видите резултатите кои што спам филтерот ги смета за такви.

Оваа промена треба да биде достапна за сите корисници во деновите што следат.

Извор: VB, Google

Претходна статијаMicrosoft ќе почне да ги продава новите Lumia телефони од 20-ти ноември
Следна статијаFacebook тестира споделување на слики со помош на технологијата за препознавање на лица
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.