soverin-signup

Soverin е нов email сервис кој што е развиен од страна на група на интернет ентузијасти, како што тие истакнуваат, од Амстердам. Тие дури истакнуваат дека нивната компанија функционира во рамките на Европската Унија, нејзините закони и нема никакви допирни точки со САД.

Ова тврдење, кое што се разбира е во рамките на маркетингот на компанијата, треба да го привлече вниманието на корисниците кои што имаат помала доверба во американските компании, во најмала рака поради пристапот до информациите во пораките за разни потреби.

Soverin за разлика од другите познати email сервиси не е бесплатен и чини 29 евра годишно, односно 39 доколку сакате да користите сопствен домејн. Тоа значи дека тие нема потреба да продаваат реклами за да заработат од сервисот, па од тука потекнува и нивното тврдење дека никогаш нема да ги продаваат вашите податоци за вакви потреби.

Сервисот може да се користи еден месец бесплатно, по што ќе треба да се почне со плаќање. Компатибилен е со било кој од email клиентите кои што корисниците ги користат на нивните мобилни и десктоп уреди, а го користи IMAP протоколот за работа на нив.

Што се однесува до самиот сервис, тој се’ уште е во развој, па не може да се очекуваат баш сите функции достапни кај конкурентите развивани со години. Корисничкиот интерфејс е модерен, што значи дека е направен прилично минималистички што го олеснува неговото користење.

Извор: Soverin, TNW

Претходна статијаПочна Стартап викендот во Скопје
Следна статијаШто значат изјавите дека Windows 10 е последната верзија од Windows?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.