Знаете ли дека бројот на гледачи на одличната серија Милијарди наскоро ќе се удвои со секоја нова епизода? Дали сте и вие меѓу нив? Ако не, зошто на Pickbox – 24 часа по Америка – не проверите зошто на драмата со Дамјан Луис и Пол Џијамати ѝ расте популарноста? И што бара во серијата легендарната Металика?
Оние кои ќе ја гледаат претстојната четврта епизода, ќе го видат Акс на концерт на славниот бенд. Финансискиот волшебник доаѓа таму со неколку пријатели од детството. Секако дека момците имаат посебни акредитации и секако дека средовечната екипа веднаш се лепи за девојките кои се тука поради бендот. Сите освен Боби кој во очекување на музиката, си разговара со една необична млада дама (ја глуми гостинката Кери Бише, видена во Стажанти и Арго).
Епизодата е снимана есеноска на концертот на „Металика“ во Канада, а знаеме уште од порано дека Боби е обожавател на легендите. Што уште го чека во оваа епизода? Таткото на Чак напаѓа дел од неговите акции, што значи дека Чак ќе мора незгодно да се позанимава со сопствените родители.