dropbox-logo

Апликациите наменети за чување на белешки како што се Evernote, OneNote и слични се покажаа како доста популарни кај корисниците. Тие претставуваат едно централно место каде што може да се организираат белешки, слики, линкови и повеќе, а тоа ги прави посебно корисни за деловните корисници и слични корисници кои што имаат потреба од организирање на нивниот ден и работа.

Дека Dropbox ќе влезе на овој пазар се дозна по нивното купување на компанијата која што стои зад развојот на Hackpad, апликација за белешки. Некои од корисниците на оваа апликација имаат добиено пристап до тест верзија од таканаречената Project Composer, нова апликација од Dropbox.

Project Composer од тоа што може да се види од приложените слики, вклучува прилично едноставен кориснички интерфејс и можност за внесување на белешки, to-do листи, Dropbox фајлови, а исто така се синхронизира и со календарот кој што го користи корисникот.

Работата во апликацијата овозможува и заедничка работа на повеќе корисници, што е исто така една од популарните можности достапни на другите сервиси.

CBrxFyZUAAA3k3p.png large

Извор: Mashable

Претходна статијаИнтервју на сатиричарот Џон Оливер со Едвард Сноуден – Обид за поголема свесност за владините програми за следење
Следна статијаLG: новиот iMac ќе има екран со фантастична 8K резолуција?!
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.