Pickbox пакетот преку кој можат да се гледаат новите хит-серии како Викинзи (Vikings) и еден куп прекрасни филмови како Евтини приказни (Pulp Fiction), од 15 март до 15 април е промотивно достапен за корисниците на MaxTV видеотеката од Македонски Телеком.

БЕЗ НАДОМЕСТ ГЛЕДАЈТЕ ВИКИНЗИ

На Pickbox секој месец пристигнуваат нови серии од американска и европска продукција, како што се руски, шпански и норвешки серии, потоа и разни комедии, акциски филмови, трилери, но и класици како Евтини приказни (Pulp Fiction).

Одлична работа е што пакетот Pickbox ги нуди сите сезони од поединечните серии. Моментално премиерно се прикажува последната, петта сезона од популарната историска сага Викинзи (Vikings), а ако сѐуште не сте почнале да ја гледате оваа напната серија полна со нордиски митови, можете да почнете од почеток затоа што Pickbox ги има сите сезони.

ВО ФОКУСОТ СЕ НОВИ КРИМИНАЛИСТИЧКИ СЕРИИ

АГАТА КРИСТИ: УБИСТВА ПО АЗБУЧЕН РЕД

Освен Викинзисе истакнува и феноменалната серија на Би-би-си, Агата Кристи: Убиства по азбучен ред, со Џон Малкович во улогата на Херкул Поаро. Во новата адаптација на романот од Агата Кристи, славниот детектив лови еден сериски убиец кој жртвите ги убива по азбучен ред, а на секое место на злосторство остава само возен ред за возовите. Со популарниот Џон Малкович, одличната актерска постава ја сочинуваат и Руперт Гринт, ѕвездата на филмовите за Хари Потер, кој се прослави со улогата на Рон Визли. Сите епизоди на мрачната и напната серија, корисниците на MaxTV на Македонски Телеком можат да ги гледаат без надомест.

ВИСТИНАТА ЗА СЛУЧАЈОТ НА ХАРИ КЕБЕРТ 

Овој месец на Pickbox во фокусот е и една нова таинствена криминалистичка серија Вистината за случајот Хари Кеберт (The Truth About the Harry Quebert Affair) со Патрик Демпси во главната улога, кого добро го познаваме од најпопуларната докторска серија Вовед во анатомија (Grey’s Anatomy). Во новата криминалистичка серија, Патрик игра сосема поинаква улога – писател обвинет за убиство на една млада девојка. Серијата се заснова на популарниот истоимен роман од швајцарскиот писател Џоел Дикер. Откако се преведе на 32 јазика, романот беше продаден во повеќе од три милиони примероци, а напнатата и шокантна серија доби одлични оценки од критиката и публиката. 

ПРОБАЈТЕ ГО PICKBOX БЕЗ НАДОМЕСТ

Неверојатен број нови серии и филмови на Pickbox може да се гледаат без никаков надомест ако сте корисник на MaxTV услугите на Македонски Телеком – сега е идеално време да го пробате овој одличен пакет со серии и филмови. Одморете се и уживајте во најдоброто што постои на нашите мали екрани!

Претходна статијаGoogle Maps ќе почне да дозволува креирање на јавни настани
Следна статијаHuawei ја претстави извонредната HUAWEI P30 серија на настан во Париз