Заедно со дополнителни можности за зголемување на просторот на OneDrive, Microsoft најави и нова функција кај овој „cloud“ сервис од компанијата. За почеток достапна само за корисниците од Австралија, Нов Зеланд и Канада, новата функција е наречена Personal Vault.

Personal Vault во основа е името на нова папка која ќе биде достапна во личниот простор на вашиот OneDrive. Оваа нова папка ќе биде автоматски заклучена и за нејзино отворање ќе мора да се внесе или посложена лозинка или да се искористи некоја од можностите како скен на прстот и лицето или дво-факторска автентикација преку испраќање на посебен код преку мејл или SMS.

За отворањето на папката да биде поедноставно, исто покрај со горенаведените начини, ќе може да се отвори и преку Microsoft Authenticator апликацијата.

Оваа папка ќе може да се отвори и пристапи од сите сега достапни начини на користење на OneDrive. Тоа значи дека ќе биде достапна преку компјутерите, преку веб и преку достапните мобилни апликации.

На Windows 10 оваа папка ќе ги чува податоците во посебен дел од дискот шифриран од страна на BitLocker, а од Microsoft препорачуваат искористување на можноста за шифрирање на дискот на Android исто така.

Сепак, оваа нова папка не треба да се помеша со целосно шифрирана од крај-до-крај папка до која ни Microsoft би немал пристап. Истата е тука само да овозможи дополнителен слој на заштита во случај на добивање на пристап до вашиот OneDrive од страна на хакери или доколку го изгубите вашиот уред, па податоците во Personal Vault ќе останат заштитени.

Personal Vault папката е замислена за чување на датотеки како што се важни документи со финансии, скен од пасоши и слично. Истата автоматски ќе се заклучува после одреден период на некористење, доколку самите тоа не го направите.

Исто така, овозможено ќе биде директно скенирање на документи, слики и слично од OneDrive апликацијата, директно во Personal Vault папката. Ова е корисно кога скенирате пасош, на пример, па таа слика директно се зачувува во заштитената папка.

Просторот којшто ќе биде достапен во папката зависи од просторот којшто го имате на OneDrive, а тој целиот може да биде искористен преку оваа папка. Тоа значи дека сите податоци можете да ги префрлите во Personal Vault, меѓутоа тоа не е баш практично и потребно.

Personal Vault папката ќе им стане достапна на сите корисниците на OneDrive до крајот на годината, а за истото како корисникот ќе бидете известени.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаДостапни бета верзиите за сите корисниците од iOS 13, iPadOS и macOS Catalina
Следна статијаНајдобрите апликации за читање и слушање аудио книги
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.