Netflix може слободно да се каже дека од достапните видео стриминг сервиси, вложува најмногу во корисничкото искуство, а тоа може да се види и од самиот „плеер“, начинот на функционирање, достапните функции и редовното воведување на новини.

Видео содржината е со одличен квалитет, благодарение на компресијата која ја користат од компанијата, а скоро секоја нова содржина доаѓа со 4К и HDR квалитет. Гледањето на Netflix, а посебно на OLED телевизор е ретко искуство кое вреди да се има.

Од компанијата на почетокот од овој месец најавија дека ќе воведат и подобар звук, односно аудио кое ќе оди заедно со веќе одличниот видео квалитет на достапната содржина.

Според компанијата, квалитетот може да се спореди со студио квалитет, иако се разбира дека тоа не е случајот, но близината и споредбата ќе бидат многу поблиски.

Промените во „битрејтот“, односно во големината на аудио фајлот и брзината која ќе биде потребна за негов стриминг се зголемува, а од тука и доаѓа зголемениот квалитет. Брзината, исто како што е случајот со видео брзината, ќе варира зависно од капацитетот на мрежата на корисникот, а истата сега ќе изнесува:

  • 5.1 – Од 192 Kbps (добар квалитет) до 640 Kbps (одличен квалитет)
  • Dolby Atmos – Од 448 Kbps до 768 Kbps (Dolby Atmos е достапен само за претплатниците на Premium пакетот).

Секако, за да можете да ја забележите разликата во квалитетот на звукот, покрај вашиот слух и внесеност во содржината, потребно е да се има и добар телевизор, а по можност и „surround“ систем за озвучување.

Од Netflix објаснуваат дека развојот на подоброто аудио го имаат започнато во 2017 при тестирање на звукот на познатата серија Stranger Things. Работата е направена во соработка со познатите Creative Technologies кои важат за нешто во светот на аудио технологиите.

Подетални технички информации за подобрувањето на аудио квалитетот се достапни на техничкиот блог од Netflix на овој линк.

ИЗВОРNetflix
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаПочувствувајте ја супериорната брзина со Неотел
Следна статијаGoogle ги претстави Pixel 3a и 3а XL – поевтини верзии од Pixel уредите со истите одлични камери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.