После пријавата од страна на повеќе корисници минатата недела, Netflix оваа недела потврди дека тестира прикажување на реклами при преминувањето од една на друга епизода при гледање на серии.

Во овој момент оваа функција е во тест фаза, што значи дека се’ уште не е сигурно дали ќе биде пуштена на сите корисници или ќе биде откажана. Како што истакнуваат од компанијата, одлуката зависи од корисниците, односно од тоа како тие ќе се „однесуваат“ со рекламите и дали ќе ги сметаат за корисни.

Целта на прикажувањето на рекламите, кои ќе бидат само за Netflix содржината, а не за производи од огласувачи, ќе биде да корисниците полесно дојдат до идеи што наредно да гледаат. Содржината на сервисот е огромна, па не секогаш корисниците знаат што да гледаат наредно, а има цели веб страни посветени на овој „проблем“.

Од Netflix исто така негираат дека рекламите кои се прикажуваат не може да бидат прекинати, односно тие истакнуваат дека корисниците ќе ја имаат можноста да ја прекинат рекламата и да продолжат со гледање на тоа што планирале.

Исто така, не е уште познато дали доколку оваа функција биде пуштена за сите, на кои уреди ќе биде достапна, односно дали рекламите ќе се прикажуваат само на телевизорите или и на апликацијата на мобилните уреди.

ИЗВОРArsTechnica
Претходна статијаМожноста за откажување на пратена порака стана достапна на Gmail за Android
Следна статијаДигиталните платформи некогаш и денес: Weekend открива како да ги задоволиме потребите на читателите на порталите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.