Како што можевме да прочитаме во октомври оваа година, Netflix ќе започне со воведување на интерактивна содржина кај своите филмови и серии, нешто што досега беше достапно само во неколку детски серии.

Интерактивна содржина значи дека корисникот, односно гледачот, ќе може сам да избере во кој правец ќе се движи приказната во филмот или серијата и со тоа да го гледа тоа кое смета дека му е повеќе интересно или па да направи различни комбинации и да испадне како да гледал различни епизоди.

Првата содржина која беше најавена дека ќе дојде со ваква можност е познатата серија Black Mirror, па од денес е достапна епизодата специјално направена да им овозможи на гледачите можност за избор на приказната.

Името на епизодата е Black Mirror: Bandersnatch и е поставена посебно од претходните сезони од серијата. Епизодата трае цели 90 минути, а на почетокот ќе ви биде прикажано упатство за тоа што ќе треба да направите додека ја гледате епизодата.

Во основа во одредени делови од епизодата, ќе ви биде овозможено да изберете од два правци на приказната, па вие ќе треба да го изберете тој што сметате дека ви е повеќе интересен.

Доколку ја почнете епизодата од почеток, ќе бидат ресетирани изборите кои ги имате направено, па можете повторно да ја гледате и да направите различни избори.

Претходна статијаInstagram тестираше хоризонтална навигација низ листата со новости која изгледа не помина добро
Следна статијаЕлон Маск најави 100 процентно покривање на Европа со супер-полначи за идната година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.