Дали ви се има случено да додека гледате некоја серија или филм, сакате да вратите одредено време назад, од која и да е причина. Мене лично тоа ми се случува обично кога нема добро да видам или слушнам што се има случено или кажано во одреден дел, па враќам назад повторно да видам.

Од Netflix сепак имаат и додатна замисла завакви ситуации, па тие сметаат дека можеби одредени цели сцени, наместо само делови, вреди да се вратат назад и повторно да се видат.

Тие тестираат можност токму за ова. Во одредени филмови и серии, како и кај мал број од корисниците, се појавува информација после одредени сцени, дека истата може да биде вратена назад и повторно да се гледа.

Иако корисниците веќе можат да ја вратат назад сцената, со оваа нова можност истото се прави со еден клик, наместо постепено барање кога точно истата почнува.

Дали ова како можност навистина е потребно, не сум баш сигурен, меѓутоа затоа се и тестирањата, па не значи дека функцијата сигурно ќе им биде пуштена на сите корисници. Доколку истата добро биде прифатена од тест корисниците и тие често ја користат, може ќе ја видиме и кај нас.

ИЗВОРLA Times
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаInstagram воведе гласовни пораки приклучувајќи се на повеќето останати апликации за разговори
Следна статијаНајмалиот Galaxy S10 ќе дојде и во жолта варијанта
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.