Office-for-Android-phone-is-here

После еден месец на тестирање, односно достапност на апликациите во Preview верзија, од оваа недела сите корисници на Android телефон ќе можат да ги инсталираат трите познати Office апликации.

Достапноста на телефоните доаѓа неколку месеци по Android таблет компјутерите, па може да се каже дека заедно со достапноста на iPhone и iPad, Microsoft Office сега е достапен на сите масовно користени платформи. Интересно, но корисниците на Windows ќе мора да причекаат на 10-ката која што ќе стане достапна од крајот на Јули, односно до крајот на годината за мобилните телефони.

Корисниците на Android 4.4 и понов, односно корисниците на мобилен телефон со 1GB RAM меморија, можат да ги симнат Word, Excel и PowerPoint од Google Play Store. Истите се бесплатни, но потребна е Office 365 претплата за отклучување на понапредните функции за промена на документите.

Инаку, апликациите се во главно исти како верзиите за таблет компјутерите, со неколку прилагодувања за помалите екрани, како што е вклучување на менито од долната страна, наместо од горната.

Од Microsoft истакнуваат дека со овие апликации корисниците ќе можат да:

  • Прават промени и оценки во движење
  • Презентации од мобилниот телефон
  • Брз пристап до документите од облакот

Симнете ја Microsoft Word од Play Store

Симнете ја Microsoft Excel од Play Store

Симнете ја Microsoft PowerPoint од Play Store

Извор: Office Blogs

Претходна статијаПрви неофицијални информации за Samsung Galaxy Note 5
Следна статијаLenovo претстави мини Windows 10 стик кој чини 129 долари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.