Повеќето, ако не и сите, производи во денешно време се пакуваат во некакво форма на пластика. По искористувањето на производот пакувањето се фрла, па иако има програми и за нивно рециклирање, сепак повеќето луѓе се решаваат за фрлање.

Повеќе светски брендови како Pepsi, Nestle, Procter & Gamble, а ги има вкупно 25, започнуваат нов начин на продавање на нивните производи. Тие наместо во стандардното пакување, ќе почнат да ги пакуваат во друга амбалажа, како стакло, на пример, но има уште еден клучен дел во сето ова.

Оваа амбалажа ќе се користи како дел од нова програма за достава на производите до домовите на купувачите, а кога производите ќе се потрошат, амбалажата се подигнува од страна на производителите, се чисти и повторно се користи.

Ова се споредува со праксата од пред повеќе децении на достава на млеко, мислам во главно во САД. Млекото се има доставувано во стаклени шишиња, кои по искористувањето на млекото, доставувачот на млеко ги зима назад за повторно употреба.

Ваквата достава ќе ги чини корисниците одредена сума на пари, а ќе треба да остават и одредена сума како гаранција дека ќе ги вратат пакувањата.

За почеток овој сервис ќе им биде достапен на купувачите во Париз, Њујорк, државите Њу Џерси и Пенсилванија, а по некое време се планира проширување во Лондон и Токио.

Дали корисниците ќе бидат спремни да платат нешто повеќе поради доставата, само за да бидат еколошки свесни, ќе видиме по некое време од почетокот на сервисот, а верувам дека на запад менталитетот е доволно отиден напред за да има барем минимум доволно голема бројка за да се нарече успех.

Инаку сервисот ќе го носи името Loop и повеќе за него можете да прочитате на официјалната страна на овој линк.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаSamsung официјално ја претстави Galaxy M серијата за индискиот пазар
Следна статијаCERN планира четири пати поголем судирач на честички од LHC кој би бил изграден до 2040
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.