Cloud сервисите според мене се едни од најкорисните работи достапни за нас корисниците во ова време на интернет и напредна технологија. Сите ние користиме повеќе уреди во исто време, односно сите имаме барем еден паметен телефон, десктоп или лаптопот компјутер, компјутер на работа, а можеби и на сето тоа и еден таблет компјутер.

Користењето на cloud сервис за складирање на податоци значително ја олеснува работата со повеќе уреди. Нашите слики, документи, видеа, музика и слично, ги имаме на едно место, на сервер (cloud), па нема потреба од правење на посебни копии од податоците и истите цело време да ги префрлуваме од еден на друг уред, со стикче, на пример.

Како корисници имаме одличен избор на Cloud сервиси на пазарот, а најпознати од нив се Google Drive, Microsoft OneDrive и Dropbox.

Google Drive во периодот што следи ќе биде преименуван во Google One, а со тоа овој сервис ќе добие и нови пакети, односно простор за складирање којшто се плаќа. Корисниците кои веќе плаќаат пакет, ќе бидат автоматски пренесени на Google One, а тоа значи и дека ќе добијат повеќе простор за истите пари. Деловните корисници нема да бидат засегнати од оваа промена.

Google One ќе го задржи бесплатниот простор од 15 GB, но ќе понуди повеќе можности за корисниците кои сакаат да платат за поголем простор. Така новите пакети вклучуваат простор од 100 GB, 2TB, 10 TB, 20 TB и 30 TB, по цена од 1,99 долари месечно за 100 GB, односно 9,99, 99,99, 199,99 и 299,99 долари соодветно за останатите капацитети.

За споредба, моменталната понуда на Drive нуди пакети од 2 долари за 100 GB, што е исто како и во новите пакети, но повеќе од досегашните 1 TB за 9,99 долари. Во главно, најголемата промена е кај најпопуларниот втор пакет, кој добива дупло поголем простор за истата цена и нови дополнителни капацитети кои не беа достапни до сега.

Од конкурентите, Microsoft овозможува 50 GB за 1,99 долари на OneDrive, додека Dropbox нема ваков пакет, а може да се земе 1 TB за 8,25 долари.

Дополнително, Google One на корисниците ќе им овозможи нова поддршка за сервисот, како и можност за споделување на просторот со членови од семејството.

Промената во Google One ќе се случува постепено, односно прво за корисниците од САД, по што ќе почне да станува достапна и во остатокот од светот.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2TechnoBuffalo
Претходна статијаСемос Едукација и АВРМ го започнаа вториот циклус на бесплатни обуки за напредни ИТ вештини за невработени лица
Следна статијаHuawei повторно го посочува патот кон дигиталната иднина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.