Не сум сигурен дали има доволно примери за нашата земја каде што вакво нешто би било корисно, но сепак сите имаме по некоја сендвичара, пекара и слично каде одиме редовно, а редиците за чекање не се баш мали.

Google Maps сега ќе може да се користи за добивање на информација колкави се редиците, поточно времето на чекање во времето кога сакате да отидете во некој локал. На тој начин може да се донесе одлука дали воопшто вреди да се оди во тоа време или барем ако веќе отидете, да не се чудите и нервирате на гужвата, затоа што истата ќе ја очекувате.

Новата функција е наречена Popular Times и може да се најде во деталите за компаниите во Maps, односно во делот каде до сега можеа да се најдат и информациите за дали локалот е отворен, телефонски број, адреса и слично.

Popular Times дури покажува и информација во живо, па ќе биде интересно да се тестира колку оваа информација е точна.

Извор: TNW

Претходна статијаFacebook тестира Messenger plugin за веб страните
Следна статијаКомпанијата “А Дата Про“ со награди за Иновација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.