Како дел од новата Voyager функција, која им овозможува на корисниците да разгледуваат интерактивни тури од интересни и познати места во светот, Google Maps додава уште една уште поинтересна функција во својата апликација.

Наречена Google Earth Live, функцијата им овозможува на корисниците да гледаат видео во живо од одредени локации во светот. За таа цел, во соработка со Explore.com, поставени се камери, за почеток во Катмаи Националниот Парк на Аљаска кои им пренесуваат видео во живо на корисниците.

Камерите се поставени на неколку локации во паркот, а се означени со класичните пинови веќе познати на корисниците. Со притискање на некоја од тие локации, може да го пуштите видеото во живо и да се надевате дека ќе има нешто интересно. Камера дури е поставена и под вода, односно во реката која што поминува на таа локација.

Моментално има што да се види на видеата. Мечките коишто се карактеристични за тој регион може да се видат како се хранат во реката, како одмараат и слично.

Видете и самите преку следниот линк којшто треба да го отворите или во Google Maps апликацијата или преку Chrome прелистувачот.

Навистина интересен додаток којшто ја прави Google Earth апликацијата уште покорисна за разгледување на светот. Сепак, не можеме да постигнеме да го прошетаме цел свет, па добро е што некои од убавините може да се видат преку вакви сервиси.

Извор: Google

Претходна статијаWizz Air ја лансираше новата мобилна апликација
Следна статијаВидео серијал Samsung Galaxy S8+: Видео од телефонот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.