На Google I/O конференцијата која се одржа овој мај, Google најави две нови апликации намети за комуникација. Наместо во една, Google се има одлучено да има две посебни апликации, едната за пораки, а другата за видео повици.

Google Duo, како што е наречена апликацијата за видео повици, од оваа недела постепено ќе почне да им станува достапна на корисниците на Android и iOS. Во овој момент во продавниците за апликации стои дека апликацијата се’ уште не е достапна, а корисниците може да се пред регистрираат за да бидат известени кога истата ќе стане достапна. Линковите до апликацијата се следните:

Google Duo во Play Store

Google Duo во AppStore

duo-PR-launch-screens_0003_screen-4

Главната карактеристика на Google Duo е нејзината едноставност. Апликацијата е специјално наменета за видео повици и истата не нуди ништо повеќе. Целта е истата да биде што е можно поедноставна и корисниците едноставно да можат да ја користат.

Од Google истакнуваат дека сервисот е направен така да функционира на било каква мрежа, а квалитетот на видеото се прилагодува соодветно. Тоа значи дека повикот ќе остане и на послаба мрежа, а квалитетот ќе биде намален за да може да продолжи разговорот.

Google Duo има една интересна функција наречена Knock Knock која овозможува корисникот да го види видеото на страната која бара уште пред да го воспостави повикот. На тој начин корисникот ќе има можност да види што се случува на другата страна и дали би сакал да започне видео повик.

Едноставна апликација од Google која не може да знаеме дали ќе го привлече вниманието на корисниците кои веќе имаат избор од повеќе други апликации. Skype веќе одамна е еден од главните избори на корисниците, а тука се Viber и WhatsApp во последно време кои успеваат добро да му конкурираат на Skype. Дали останува простор за Google Duo ќе покаже времето, а очигледно стратегијата на Google е да понуди поедноставна апликација од другите која е наменета само за една работа, а истата ќе ја извршува одлично.

На Google Duo се најавува преку телефонскиот број и не се потребни други додатни информации. Тоа исто така значи дека за да разговарате со некого, ќе мора да го имате во вашите контакти на мобилниот телефон.

Преку: Google, The Verge, TNW

Претходна статијаШведските лидери на онлајн модната индустрија гостуваат на овогодинешниот Weekend Media Festival
Следна статијаThe Touch HB Ring – Почувствувајте ги срцевите отчукувања на партнерот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.