Cranberry Theme

Gmail оваа недела доби подобрување на две можеби не толку големи функции на сервисот. Се работи за можноста за избор на теми, како и emoji икони во пораките.

Темите во основа се слики кои што се појавуваат како позадина на сервисот. Нивниот избор сега е уште поголем, а корисниците исто така ќе можат да ја бираат бојата на позадината на текстот за негово полесно читање, како и додавање на ефекти на заматеност и слично.

Gmail исто така добива нови и помодерни emoji икони кои што можат да се користат во пораките. Иконите се популарни кај корисниците кои што често ги користат за правење на пораката поинтересна, заменувајќи ги зборовите со овие интересни сликички.

         

Новините ќе бидат достапни за сите корисници на Gmail, но ќе биде пуштани постапено во деновите што следат, па можно е да не ги добиете веднаш.

Извор: Gmail

Претходна статијаMicrosoft заинтересиран за купување на AMD?
Следна статијаFacebook со ново лого, меѓутоа разликата нема да ја забележите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.