fb-messenger-icon

Од оваа недела, со инсталирање на најновата верзија од Facebook Messenger за Android и iOS, сите корисниците добиваат можност да разговараат „тајно“ со своите пријатели, односно преку заштитени и енкриптирани пораки.

Енкрипција на пораките веќе стана нормална работа кај ваквите апликации, а Messenger е меѓу последните кои го немаа воведено ова како функција. Истата овозможува да пораките се шифрирани за сите, освен за двете страни во разговорот.

Теоретски, енкрипцијата овозможува да пораките покрај хакерите и властите, не може да ги видат ниту од Facebook, иако тие поминуваат преку нивните сервери.

За разлика од некои од другите апликации, во Messenger корисниците треба да изберат кога сакаат да имаат енкриптиран разговор, односно енкрипцијата не е вклучена за сите разговори.

Додека се прави таканаречен таен разговор (Secret Conversation), одредени функции од стандардните разговори не се достапни.

Корисниците можат да изберат само еден уред од кој би ги правеле тајните разговори, а функцијата се вклучува во прилагодувањата на апликацијата.

Потоа, таен разговор се започнува со вклучување на копчето достапно во горниот десен агол при почнување на разговор од листата, односно преку вклучување преку менито достапно во деталите за одреден корисник.

20161005_171711

Тајните разговори исто така имаат можност да бидат автоматски избришани од двете страни по одредено време кое корисникот може да го избере, а на овој начин ќе се осигура дека никој нема да може да ја покаже неговата порака.

Инаку, Facebook започна да ја тестира оваа функција со ограничен број на корисници пред неколку месеци, па истата е достапна за сите корисници од оваа недела.

Извор: Engadget, Wired, The Verge

Претходна статијаClaxi прогласен за добитник на WITSA награда за ИКТ решение на Светскиот ИТ Конгрес 2016 во Бразил
Следна статијаАнализа: дали Windows 10 Mobile ќе преживее или Microsoft ќе ја напушти платформата?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.