Cortana-android-beta-screens

Од оваа недела, сите заинтересирани корисници кои што живеат во САД, ќе можат да ја пробаат првата јавна бета верзија од Cortana. Како што повеќето и веќе знаат, Cortana е таканаречен персонален асистент кој што на корисниците им овозможува извршување на одредени команди.

Како што е случајот и на Windows и Windows Phone, Cortana може да се користи за креирање на потсетници и состаноци, пребарување на интернет и самиот уред, следење на одредени информации, покренување на одредени работи на уредот и повеќе.

Одредени функции на Cortana достапни на Windows сепак нема да бидат достапни, барем не веднаш, за Android корисниците. Поконкретно се работи за можноста за вклучување и исклучување на одредени прилагодувања (пр. Wi-Fi), вклучување на апликации, како и активирање преку Hey Cortana командата.

Достапноста на Cortana и на други платформи беше прво дел од шпекулации за потоа да биде официјално најавена од страна на Microsoft. Доколку ја следите новата стратегија на компанијата која што моментално ја нема најмасовно користената платформа (вклучувајќи ги и мобилните платформи), ваквите потези не се воопшто за изненадување и чудење.

Извор: Microsoft

Претходна статијаWindows 10 блокиран од одредени приватни торент тракери
Следна статијаПрв Бизнис Симулатор во Македонија и регионот – Seavus Академиите со уникатен проект за зголемување на вработливоста
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.