Microsoft од оваа недела ја претстави официјалната верзија од Cortana достапна на двете најмногу користени платформи, Android и iOS. Бета верзија од Cortana беше достапна на двете платформи веќе подолг период, па корисниците сепак не ја гледаат имплементацијата на овој сервис првпат.

Она што треба да се нагласи на почеток е дека Cortana, исто како што е случајот на Windows 10 и Windows Phone, е достапна само во мал број на земји, меѓу кои не е и Македонија. За користење потребна е промена на регионот на телефонот во САД, каде што ќе биде достапна во почетокот.

Инаку, Cortana, слично како и на Windows, ќе им нуди на корисниците одредени можности кои што би се очекувале од еден дигитален асистент. Па така, Cortana ќе може да одговара на одредени прашања, да закажува состаноци и потсетници кои што ќе бидат поврзани и со локацијата, да следи пратки и слично.

На Android можностите ќе бидат нешто повеќе од iOS, а тоа воопшто не изненадува со оглед на затвореноста на вториот оперативен систем. На Android Cortana ќе може да се користи и со „Hey Cortana“ командата од самата апликација или главниот екран. Оваа функција не е достапна за корисниците на iOS.

cortana-screens-f

Најголемиот број на функции на Cortana сепак ќе бидат достапни преку Windows. Тие функции вклучуваат можност за команди кои што ќе вклучат или исклучат некој дел од хардверот, како Wi-Fi на пример, вклучување и исклучување на уредот, апликациите и слично.

Овие функции сепак ќе бидат достапни на Android, односно на уреди кои работат на Cyanogen OS. Соработката на Microsoft со оваа компанија е веќе најавена, а корисниците поради интеграцијата на Cortana директно во оперативниот систем, ќе можат да користат функции исти со тие на Windows Phone.

Cortana-4-1024x576

Една од поинтересните и корисни функции која што ќе им биде достапна на корисниците на Cortana без разлика на која платформа ја користат, е можноста за добивање известувања за пропуштени повици и пораки на Windows 10 компјутер.

Оваа можност веќе е достапна за корисниците на Windows 10 Mobile и најновата верзија од Windows 10 за десктоп компјутерите, па сега станува достапна за сите, без разлика кој мобилен оперативен го користат.

Извор: Microsoft, Windows Central, Engadget

Претходна статијаYahoo го издвојува својот главен бизнис и го задржува уделот во Alibaba
Следна статијаНајмалиот безжичен сензор за температура има димензии од 2 х 2 милиметри
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.