claxi veles

Скопје, 05 Мај 2015 – Првата мобилната апликација за повикување на такси, CLAXI, веќе подолго време одлично функционира во најголемите македонски градови Скопје и Битола, а на ваше барање отсега и во Велес. Велешани ќе имаат одлична можност да ги користат поволностите на оваа апликација со едноставен клик.

За прв пат во Македонија не ви е потребен телефонски повик за да повикате такси! Отсега тука е Claxi, која согласно со барањата на патниците и на возачите, CLAXI ќе продолжи да се шири и понатаму низ другите градови и региони. Бесплатната мобилна апликација, која е достапна за сите андроид корисници, многу скоро ќе биде достапна и за корисниците на IOS.

Повикувањето такси никогаш не било поедноставно. Повиците, чекањето и високите цени стануваат минато со оваа нова мобилна апликација. Claxi ви овозможува едноставно без чекање, без повици и без нервози да одберете такси според цената која ви е понудена од страна на самиот таксист, освоениот рејтинг на таксистот од претходните корисници или избор според времето на чекање на таксистот. Изборот на такси е сега веќе во ваши раце.

Превземете ја оваа бесплатна супер-едноставна апикација и уживајте во нејзините поволности. Посетете ја www.claxi.net и информирајте се за сите детали околу апликацијата.

Claxi – Taxi just a click away