Додека оваа вест не излезе во американските портали, немам помислено на тоа каде Apple ги чува податоците од нивниот iCloud. По автоматизам претпоставував дека тие, со оглед на големината и профитот на компанијата, ги чуваат истите на нивни посебно и специјално развиени сервери.

Сепак, испадна дека од компанијата за работата на нивниот iCloud се имаат решено да не развиваат сопствено решение и за истото да користат решени од „трета страна“, односно од друга компанија.

Во светот најпознати компании кога се работи за сервери, односно cloud решенија се Amazon, Google и Microsoft со нивните AWS и S3, Google Cloud и Microoft Azure решенија.

Информацијата за ова може да се најде во посебен документ којшто од компанијата го објавија за јавноста, наменет за безбедноста во iOS 11.

Она што е интересно е што Apple до најновата верзија на iCloud ги има користено Amazon и Microsoft Azure за работата на iCloud. Во најновиот документ, за најновата верзија на сервисот, се гледа дека тие се имаат решено да ги сменат Microsoft и наместо нив да почнат да ги користат Google Cloud. Amazon останува со нивниот S3 сервис.

Како и да е, интересна информација за тие што ги интересираат ваквите работи. Apple без разлика на големината на компанијата, како и заработката, сепак голем дел од своите сервиси ги „аутсорсираат“.

Јас лично, иако воопшто не е чудно компанија голема како Apple да користи сервиси од други компании, мислев дека за сервис како iCloud сепак ќе имаат развиено сопствено решение.

ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаСамсунг ги претстави своите безшумни еколошки клима уреди со “Wind-Free™” технологија на најголемиот светски саем за уреди за греење, вентилација и климатизација
Следна статијаДали Windows 10 S Mode е иднината на оперативниот систем?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.