Apple

iTunes е еден од најпознатите сервиси од Apple, а слободно може да се каже и дека овој сервис направи еден вид револуција во начинот на купување на содржина.

Сепак, овој сервис е од време кога уште не беа развиени, ниту популарни, стриминг сервисите, па во денешно време iTunes е веќе застарен. На тоа придонесува и фактот што од Apple не се решија да го прилагодат сервисот на модерното време, а за тоа има и причина.

Изминатите години Apple почна да ги развива и ги претстави сервисите Apple Music и Apple TV, сервиси кои се направени за денешниот начин на „консумирање“ на содржина, па iTunes остана можеби да биде користен повеќе како „плеер“ на содржината која корисниците веќе ја имаат, како и за бекап на iOS уредите.

Веќе одреден период се најавува дека Apple ќе го откаже iTunes, истото треба неделава да го најави на WWDC 2019, а секако, замената корисниците ќе ја добијат во новите специјализирани апликации за музика, телевизија, но и подкасти.

Голем показател дека овие информации се точни е празнењето на содржината од iTunes страните на Facebook и Instagram. Од Apple сигурно не би почнале со бришење на објави доколку навистина овој сервис не се планира да биде откажан.

WWDC 2019 се одржува оваа недела, па доколку сте активен корисник на iTunes, ќе можете да дознаете што го чека овој сервис. Исто така, на конференцијата се очекува и презентацијата на новата, тринаесетта верзија од iOS.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаXiaomi и Oppo најавија дека имаат развиено технологија со која селфи камерата може да се постави под екранот
Следна статијаСметките на друштвените мрежи стануваат дел од апликацијата за американска виза
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.