Сигурно нема некој од вас којшто нема слушнато барем за легендарниот филм од осумдесеттите за младиот и уплашен Даниел ЛаРусо кој преку каратето успева да ја зголеми својата самодоверба и да го најде патот во животот.

Овој филм, после 30тина години ќе го добие своето продолжение во форма на серија комедија која ќе се прикажува на YouTube Red. Ова е сервис од Google којшто им овозможува дополнителни функции на корисниците преку YouTube и Play Music.

Двата главни карактери кои беа опоненти во првиот филм ќе ги играат главните улоги и во оваа серија. Ќе биде интересно да се види како тие изгледаат после толку години и како ќе изгледа оваа серија.

Приказната во серијата која ќе трае само 10 епизоди по 30 минути ќе се врти околу повторното отворање на познатото Cobra Kai училиште за карате од страна на Џони (Вилијам Запка) со што повторно ќе биде вратена конкуренција со Даниел (Ралф Макио).

Не е точно познато каков тип на серија треба да биде ова, со оглед на фактот што филмот не беше баш класична комедија, додека серијата е ставена во таа категорија. Исто така, на нејзината продукцијата работат писателите на Hot Tub Time Machine, како и на Harold and Kumar и двата филма класични комедии.

Како и да е, Karate Kid дефинитивно е серија која ќе го привлече вниманието на голем број на публика, па и ние со нетрпение чекаме да дојде идната година кога се очекува нејзиното пуштање.

Извор: Gizmodo, The Hollywood Reporter

Претходна статијаGalaxy S9 ќе има нова технологија за матичната плоча, која ќе отвори простор за поголема батерија
Следна статијаНово: „Старото“ сметководство се вградува во новиот Dynamics NAV
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.