Четири куќни помошнички со латинско потекло работат за најбогатите семејства на Беверли Хилс, ги знаат сите нивни (валкани) тајни и сонуваат за подобар живот и за сопствен бизнис. Добрата вест е што сите сезони можете да ги најдете на домашниот стриминг-сервис Pickbox.

Што сѐ подразбира работата како куќна помошничка на Беверли Хилс? Чистење прав, перење алишта, местење кревет, полирање сребрени предмети? Или чистење по лудите забави на милијардерите и задоволување на интимните потреби на работодавачите?

Пола Гарсез ја игра куќната помошничка Флора Ернандес, чиј работодавач умира од насилна смрт. Во меѓувреме, Зојла Дијаз (Џуди Рејес) сака да ја поштеди својата работодавачка Жанвив Делатур (Сузан Луси) од крах во животот додека истовремено внимава на својата ќерка Валентина (Едурна Ганем) која се заљубила во синот на Делатур. Во домот на пејачот Алехандро Рубио (Мет Седењо), сексапилната Кармен (Розлин Санчез) се обидува да го наговори својот шеф да ѝ помогне околу нејзината музичка кариера. Рози (Данија Рамирез) работи во дисфункционално семејство, обидувајќи се да го донесе својот син од Мексико во САД. Новата куќна помошничка Марисол Дуарте (Ана Ортиз) почнала да работи за тукушто венчаните Стапордсови…

Создавач на серијата е Марк Чери, автор и на телевизискиот хит „Очајни домаќинки“, додека една од извршните продуцентки е актерката Ева Лонгорија, ѕвезда на „Очајни домаќинки“, која се појавува во камео улога како фиктивна верзија на самата себе. Лонгорија ја играше една од главните протагонистки, Габриела Солис, која е и една од главните ликови од „Очајни домаќинки“.

Сите сезони на „Лукави куќни помошнички“ од денеска се достапни на Pickbox. За слични содржини посетете ги pickbox.tv и pickbox.mk и проверете ја богатата понуда на најновите хит-серии како што се сериите „Скандал“, „Вовед во анатомија“ и/или „Нешвил“.

Претходна статијаСамсунг Галакси А8(2018) претставен во Македонија
Следна статијаВендинг машините се враќаат во попаметна верзија