Старовремските работи не излегуваат од мода. Шеширите на дедо и понатаму се популарни, мустаќите сѐ уште се чешлаат, а фустаните и бундите од баба се хит во секоја сезона. Ако старовремските работи се толкав моден хит, сигурно е така и на екраните, па затоа Pickbox одлучи во својата понуда да вклучи дел од апсолутните класици на југословенската продукција. Се работи за сериите со кои пораснаа нашите родители, а кои и денес сакаат да ги гледаат.

Камионџии е една од најгледаните хумористични серии од 70-тите години на минатиот век, а причината делумно лежи во фактот што тоа е една од првите серии од југословенска продукција. Во она време беше меѓу најпопуларните содржини на телевизија – дури два истоимени филма се снимени според нејзината тематика, а самата серија доживеа голем број репризирања.

Серијата ги прикажува авантурите на камионџиите Пајо (Павле Вуисиќ) и Јаре (Миодраг Петровиќ – Чкаља) кои се премногу искрени и добродушни, а на својот пат често среќаваат луѓе кои им носат неволи. Тајната на успехот на серијава се крие во блиско пренесеното секојдневие на обичниот човек кој се труди да сработи нешто со сопствени раце.

Жежок ветер секако не заостанува според популарноста! Серијата настана во 80-тите, а главната улога ја игра неодамна починатиот Љубиша Самарџиќ. Серијата ги следи авантурите на 30-годишниот Шурда, кој од малото село Власотинце доаѓа во Белград за да се збогати. Шурда преку повеќе работни места се обидува да го најде своето место под сонцето, но на крајот одлучува да замине во Германија.

„Жежок ветар“ според својот наратив е семејна драма која ги заинтересира дури и соседите преку границата: Унгарците, Романците, Бугарите и Чехословаците, а примамлива е и денес поради настојувањето на еден млад човек да најде работа што ќе му одговара според соодносот помеѓу вложениот напор и заработените пари. Насловната песна ја пее Оливер Драгојевиќ („А сад адио!“).

Шокантно, мрачно и актуелно. Тоа е краткиот опис на југословенската телевизиска драма Сивиот дом која се емитуваше во 1984 година, а го прикажува животот на штитениците на еден поправен дом за деца и младинци во Крушевац. „Сивиот дом“ ни ги прикажува портретите на длабоко проблематичните млади луѓе кои не добиваат третман каков што би требало да добиваат штитениците.

Серијата гласно одекна во тогашното општество, не само затоа што првпат е прикажан ваков тип серија од домашна продукција туку и затоа што содржеше многу сцени со насилство, на коишто дел од публиката имал поплаки. Меѓу поистакнатите лица во серијава се Бата Живојиновиќ, Драган Николиќ и Никола Којо, но и Жарко Лаушевиќ – тогаш млад белградски актер кој ја играл најтешката улога, а воедно и најмногу се истакнал помеѓу одличната актерска екипа. „Сивиот дом“ е задолжително четиво за сите што ги сакаат суровата реалност и револуционерната продукција.

На крајот, Pickbox ја носи и популарната југословенска серија Подобар живот чија тематика за сите времиња – борбата помеѓу богатиот и сиромашниот – и понатаму е присутна во општеството. „Подобар живот“ ни го прикажува семејството Попадиќ кое се обидува да се прилагоди на брзите политички и економски промени во доцните 80-ти години. Серијата е комбинација од комедија и драма, а се прикажуваше од 1987 до 1991 година и се смета за најуспешна телевизиска серија во Југославија. Во актерската екипа се Марко Николиќ, Светлана Бојковиќ и Драган Бјелогрлиќ. „Подобар живот“ се вбројува во класиците според квалитетот на продукцијата, но и според новите пристапи кон снимањето кои во тоа време биле апсолутен врв за телевизиските серии.

Понудата на регионалните класици на Pickbox ќе се проширува и во текот на 2018 година кога се очекува прикажувањето на „Театар во домот“. Сите серии веќе се достапни на самостојната услуга на Pickbox, како и на Pickbox во склоп на телекомуникациските компании. Повеќе за понудата на Pickbox дознајте на www.pickbox.hr.

Претходна статијаInstagram тестира издвојување на директните пораки во посебна апликација
Следна статијаGoogle Maps ќе не известува кога е време да се симнеме од автобус