Сето она што сте го слушале и сте го читале за 50 Сент како проблематичен рапер, кој заради својот лош имиџ еднаш за малку и ќе загинел, можете да го заборавите. 50 Сент секако е автор на музички опус што никој не може да го оспори, но никој не насетуваше што ќе ни понуди во продуцентски/актерски поглед. Ако вие, како и целиот друг свет, сте ја гледале неговата серија „Моќ“ (Power), ќе знаете за што станува збор. А ако не сте, сѐ уште не е доцна да се навлечете. Серијата „Моќ“ е криминалистичка драма што го следи ликот по име Дух (Омари Харвик), кој во име на своите незаконски потфати ризикува сѐ што постигнал во животот, вклучително и семејството и добриот углед. Моментално, сите сезони на „Моќ“ можете да ги гледате на домашната видеотека Pickbox, а четвртата сезона од оваа супер успешна серија започнува на 26 јуни. Не пропуштајте ја!

„Моќ“, најгледаната серија на „Старз“

Четвртата сезона на новата серија на „Старз“ е пред врата, а по завршувањето на третата, во чие финале Дух заврши зад решетки, сите се прашуваат што ќе се случи во четвртата. Третата сезона е воопшто најгледаната од сите серии на „Старз“ (меѓу хитовите се и „Outlander“, „Црни едра“, „Демоните на Да Винчи“, „The White Queen“), а по епизода ја гледаа дури осум милиони луѓе. Тоа што се случи при крајот на третата епизода, може да се сумира вака: Мајк Сандовал го убил агентот на ФБИ, Грег Нокс, но Дух е лажно обвинет за тоа убиство. А личноста што го уапсила е жената поради која го остави семејството – агентката на ФБИ, Анџела Валдез.

Кој ќе му забие нож в грб на Дух?

Тоа што ќе ве заинтересира во четвртата сезона, а што го инспирираше и самиот трејлер на „Моќ“, е забивањето на нож в грб. Сега, кога е во затвор и кога бизнис-империјата му е на колена, кој ќе се сврти против Дух? Дали тоа ќе биде партнерот на Дух, Томи (Џозеф Сикора), кој може најмногу да профитира од предавството на Дух? Дали тоа ќе биде Таша (Натури Нотон), поранешната сопруга на Дух? Или Анџела (Лила Лорен), љубовницата што го уапсила? Или е можеби најверојатно тоа да биде Кејнан (50 Сент), кој сака да му се одмазди на Дух затоа што го пратил во затвор.

Нова епизода еднаш неделно

Новата епизода пристигнува на 26.6. на Pickbox, а ако судиме по новиот трејлер, тоа што можеме да го очекуваме од новата сезона се матни бизниси, заткулисни игри, менување страни и сето она што го сакаме кај серијата „Моќ“. Темата со која ќе се занимава сезонава е искупувањето, и тоа на начин на којшто ликовите ќе мораат да живеат со последиците од она што претходно го сакале или го сториле. Борбата на Дух за искупување ќе го однесе пред медиумите, а старите непријатели ќе му дишат во врат. Сепак, се чини дека цело време тој самиот на себе си е најголем непријател.

Ако сѐ уште не сте успеале да ги изгледате претходните сезони на оваа драматична серија, која успеа да освои разни типови гледачи, уште имате шанса. По првата епизода, новите ќе ви пристигнуваат во постојан ритам, веднаш по прикажувањето на премиерата во Америка. Гледајте на Pickbox.

Претходна статијаСамсунг Електроникс го проширува своето портфолио на паметни Signage дисплеи со оперативен систем Тизен 3.0
Следна статијаLG го лансира G6+, подобрена изведба на знаменосецот со 128 GB простор и безжично полнење