Како стојат работите, многу е веројатно дека книгите. Седмата сезона од Игра на престоли веќе далеку го престигна дејствието во последната објавена, петта книга („Танц со змејови“). Прашањето е дали Џорџ РР Мартин е навистина толку бавен што му треба скоро цела деценија да ја заврши шестата и претпоследна книга од серијалот.

Или пак, постои притисок од продуцентите на ХБО тој да го одложи објавувањето на последните две книги со цел целокупната публика (и читателите и гледачите на серијата кои не ги прочитале книгите) да биде изненадена од крајот.

Таа тактика сигурно би била повеќе профитабилна за ХБО отколку книгите да излезат први, па да го „расипат“ искуството на гледачите.

Дали постои разлика помеѓу книгите и серијата?

Како некој што го прочитал целиот серијал, можам да кажам дека постојат разлики, некои помали, некои поголеми. Седмата сезона се движи во неверојатно брзо темпо, и веќе далеку ја престигна последната книга.

Самиот Мартин има изјавено дека како што дејствието се движи напред, несомнено ќе се појават разлики помеѓу книжевната и телевизиската форма на Игра на престоли.

„Во овој момент, веројатно постојат десетина ликови кои се мртви во шоуто, но се живи во книгите, па така би било невозможно двете да останат исти.“

Кога писателот е пребавен

Во ситуација кога авторот е пребавен, некому му текнало да ги преземе работите во свои раце. Софтверскиот инженер, Зак Траут, потхранувал со податоци (5000 страни од серијалот) неврална мрежа, со цел таа да предвиди што ќе се случи наредно во серијалот.

Не е првпат да се случи вештачка интелигенција да се обиде да напише роман од областа на фантазијата. Тоа се случи само пред неколку месеци кога ВИ напиша цело поглавје од Хари Потер. Досега, вештачката интелигенција произвела пет поглавја од засега необјавената „Ветровите на зимата“.

Веројатно не е далеку денот кога вештачка интелигенција ќе биде способна самостојно да пишува цели новели, без разлика на жанрот. Тоа е возбудливо од повеќе причини, но една од главните е што ќе може да ги замени великаните кога тие нема да успеат да го довршат серијалот кој го започнале (на пр. Френк Херберт – Dune).

Во таква ситуација, често се случува член на потесната фамилија на авторот да ја доврши книгата. Меѓутоа, верувам дека една напредна ВИ ќе може целосно да го реплицира стилот и квалитетот на пишување дури и на најголемите писатели.

Во меѓувреме, зимата е тука, и имаме уште цела година да чекаме за да ја гледаме осмата и последна сезона од Игра на престоли.

Претходна статијаSony ќе се приклучи во групата на најдобрите со Xperia XZ Pro?
Следна статијаNissan развива читач на мисли за управување на возила