Компанијата Tesla даде свој допринос при евакуацијата на жителите на Флорида пред налетот на розорниот урагана „Ирма“. Колку и да звучи хумано, сепак, се работи за жителите кои воедно се и сопственици на возилата кои оваа компанија ги произведува.

Имено, поради вонредните услови Tesla ја зголеми дистанцата која нејзините возила можат да ја покријат за дополнителни 50-тина километри. Сигурно ќе се запрашате како е возможно да се изведе ваква ad hoc надградба.

Како што е познато, моделите S и X поседуваат батерија од 60 киловат часови, но всушност, полниот капацитет на батеријата изнесува 75 киловат часови. Со оглед на тоа, сопствениците на Tesla можат да се потпрат на дополнителни речиси 50 километри покриена дистанца доколку условите тоа го побаруваат.

Токму тоа е она што се случува пред налетот на разорната „Ирма“ на Флорида. Поради потребата од евакуација, Tesla иницираше привремена измена со која се надеваат дека ќе успеат да помогнат на жителите на кои им е неопходна евакуација. Во нормални услови, ваквата надградба би ги чинела сопствениците на Tesla околу 5.000 американски долари.

Промената е направена со едноставна надградба на системот кој се прави преку интернет, за која корисниците не треба да направат ништо.

Извори: TechCrunch, The Verge

Претходна статијаМенување на брзината на видеата на YouTube отсега достапна и за Android и iOS
Следна статијаОфицијално: смартфонот без рамка на Apple ќе се вика iPhone X