gaming disorder
Фото: WHO
gaming disorder
Фото: WHO

Светската здравствена организација (WHO) планра да го вброи играњето на компјутерски игри во листата ментални пореметување. Тука секако се мисли на претераното играње или евентуалната зависност од gaming.

Официјалниот опис на оваа состојба е gaming disorder или пореметување. Истото се манифестира како повторливо однесување, односно навика за играње на одредена игра или игри. Во претходните класификации на оваа организација ваквата состојба се опишува како заболување. Со новото, 11-то поред дополнување, ваквиот термин ќе биде заменет со зборот пореметување.

WHO се задржува на описот на оваа состојба велејќи дека лицата опфатени со ова пореметување имаат недостаток од контрола врз сопствените навики. Својата навика ја поставуваат како приоритет пред останатите активности и социјалниот живот и покрај негативните последици кои се евидентни. За да биде востановена оваа состојба потребен е период на опсервација од барем 12 месеци, се вели во текстот. Во секој случај, периодот може да биде пократок доколку некои од симптомите се особено истакнати и зачестени.

Доколку предлогот се усвои постојат низа импликации кои ќе се почувствуваат надвор од самиот здравствен систем. Примарно, лиценците за компаниите кои ги произведуваат игрите ќе мора да се оптимизираат. Практично произведувањето и дистрибуцијата на игри би се поистоветило со продажба на алкохол, цигари или друг вид на роба ризична за злоупотреба. Не мора да се напомене дека таквата паралела е крајно бесмислена. Меѓутоа, останува да се почека одлуката на Светската здравствена организација.

Извори: DigitalTrends, NewsWeek

Претходна статијаИдните верзии на Apple Watch ќе имаат можност за правење на EKG
Следна статијаOnePlus 6 ќе биде претставен во март и ќе биде првиот смартфон со сензор за отпечатоци под екранот?