Почетокот на секоја година е време кога правиме листа на резолуции и цели кои сакаме да ги оствариме во годината што претстои. Новиот почеток ни влева оптимизам дека наредната година ќе биде најдобрата досега (#NewYearNewMe).
Сепак, некогаш поради ниско ниво на волја, трпение или пак недоволно следење на напредокот, не успеваме во целите. Можеби треба повеќе да се фокусираме на процесот, и на она што Скот Адамс го нарекува „системско размислување“ наместо слепо бркање на цели.
Според Адамс, проблемот со целите е што имаат демотивирачки ефект. Ако годинава сте одлучиле да ослабете 20 килограми, тогаш секојдневно ќе се потсеќате дека имате уште многу работа за да ја постигнете целта.
Наспроти тоа, ако одлучите да тргнете со систем („Ќе јадам протеин со секој оброк“ или „Ќе јадам овошје наместо благо“) тогаш секој ден ќе имате мала победа. После повеќе мали победи, почнуваат да се појавуваат и резултатите, и добивате уште поголема мотивација да продолжите по истиот пат.
Процесот на остварување на целите или системите може да се следи на различни начини. Но, најлесно е истото да го правиме со нашите паметни телефони. Апликациите што се на листава можат да ви помогнат да бидете посвесни, попродуктивни и подобро организирани.
Би било контра-продуктивно ако ви предложиме десетици апликации кои мора да ги користите. Предолго зјапање во екраните не може да донесе многу добро. Затоа, ова се есенцијалните апликации кои верувам дека можат да ви донесат некоја корист.
Оваа апликација ја дознав по препорака на еден добар пријател. Оттогаш ми е една од најкористените. Сигурно сте прочитале за придобивките од медитацијата, која станува популарно средство за смирување и елиминирање на стрес. Апликацијата содржи илјадници медитации за најразлични намени.
Ако не сакате да слушате како некој ви зборува додека медитирате, можете само да го вклучите тајмерот заедно со некоја од понудените амбиентални музички траки.
Веројатно сте се нашле во ситуација да имате отворено десетици табови на Хром со текстови кои чекаат да бидат прочитани. Знам дека јас сум бил во истата каша.
Она што многу ми помогна да се справам со ова е Pocket, која со еден клик ви дозволува да сочувате написи, видеа и цели веб страници за конзумирање подоцна. Одлична апликација за патувања и кога немате пристап до интернет (поддржува офлајн читање).
Една од најдобрите апликации за следење на навиките. Апликацијата има супер интерфејс, и делува како социјална мрежа за луѓе кои сакаат да стекнуваат подобри навики или да се откажат од лошите.
Можете да се поврзете со луѓе од различни континенти, да споделувате искуства, да работите со личен тренер, и да читате од неисцрпната база на написи и совети за подобрување.
Името на апликацијата кажува се. Многу од нас немаат време за одење во теретана. Надвор е често загадено, па не се препорачува ни трчање на отворено.
Но, нема изговор да не одвоите 7 минути за да се размрдате и да истрошите неколку стотици калории. Сето тоа во удобноста на својот дом.