1

Да се претставиме себеси или својот бизнис е вечен предизвик. Особено кога имаме ограничено време или ресурси за тоа да го направиме навистина добро. Никој нема да ни го каже најдобриот начин, но секој ќе се согласи дека патот треба да е концизен, краток, суштински.

Не многу одамна јас имав привилегија да учествувам на иницијативата на WesternBalkanStartups. Комбинација од еднонеделен обемен тренинг&натпревар каде сите учесници беа дел од startup предизвикот. Оценувачи од Лондон му дадоа зелено светло на нашиот проект и го проследија до финалето. Според критериумите, требаше да се подготви “elevator pitch” – краток опис на идеја, бенефити, иновативен момент, бизнис и маркетинг стратегија. И сето тоа во 120 секунди. Звучи како неверојатна мисија. Наспроти претприемачкото искуство на оценувачите, не постоеше претходна експертиза или запознавање со нашата тема. Понатаму, имавме прилично комплексен систем и само 1 слајд за објаснување. Многу брзо сфативме дека за успешен перформанс ни треба нешто брзо и ефикасно.

Луѓето сакаат слики и видеа, особено кога учат нешто ново. Можеби е најбрзиот начин за примање на информација, а визуелно ја меморираме мошне лесно. Секако, ова не е случај кога користиме зборови за објаснување – публиката треба да е навистина внимателна кон сè што го кажуваме. Знаејќи го тоа, искористивме Startup Business Card (SBC) – можност за визуелизација на нашата работа.

Наликува на мини сценарио – графичко инфо кое ги содржи централните точки (сè што споменав за критериумите). Може да се додаде и интро за тимот, исто така. Секој дел е прикажан низ слики, со тоа што максимално може да се употребат 1-2 клучни зборови/слика. Можете да ја раскажете приказната и со двете страни на хартијата. На пример, при В2В модел, може да се искористи предната страна да ја раскажете приказната за инвеститорот, а на другата страна за крајниот корисник/клиентот. Потоа, хартијата се пакува во форма на бизнис карта. Едноставен, брз и ефективен начин да прикажете идеја на електронски или tete-a-tete состанок…побрзо е и подобро отколку со elevator pitch. Бидејќи SBC не е значајно поголема од класичната бизнис картичка, може да се стави во џеб, чанта…било каде.

2

Вашите шанси за успех се поголеми бидејќи можете да ја дадете картата само еднаш, а личноста која ја примила може да ја погледне вашата приказна милион пати.

Направивме три различни начини за да ја испорачаме сторијата: SBC (1), флаер (2) и календар (3). (1) беше нашиот избор. Слободно искористете го нашиот концепт. Навистина се покажа успешен.

Кој најмногу вам ви се допаѓа?
#StartupBusinessCard

Претходна статијаHuawei е најпрофитабилниот Android производител на паметни телефони
Следна статијаApple патентира свитлив телефон на преклоп