Дека зборот приватност во ова модерно време на интернет веќе го нема истото значење како порано, ни е јасно на сите. Скоро се што правиме е на некој начин поврзано онлајн, од обично читање на новости, до објава на целите наши животни активност на друштвените мрежи.

Јасно исто така ние е дека повеќето активности што ги правиме на интернет се на еден или друг начин предмет на следење, најчесто за маркетинг цели, но тука се и властите кои ги следат активностите од безбедносни причини.

Според истражување направено од страна на Принстон Универзитетот, стотици веб страни ја следат целата активност на нивните посетители вклучувајќи ги пишаните зборови од тастатурата, движењата на маусот, „скролањето“ низ страната.

Ова е листа на работи кои се следат на веќе стандардната листа која ја имаме прифатено како нормална работа.

Она што ги прави работите нешто позагрижувачки е тоа што овие информации не се собираат групно, односно секој корисник посебно може да биде идентификуван.

Истражувањето покажува дека повеќето познати компании и веб страни користат сервиси на компании кои овозможуваат следење на ваквите активности.

Иако голем дел од нив го исклучуваат полето за лозинки и слични важни информации од собирањето на податоци, истото не е исклучено кај доста од нив, како и не е исклучено на мобилните уреди.

Собирањето на вакви информации претставува сериозно нарушување на приватноста на корисниците која може да доведе до откривање на тајни информации, крадење на идентитетот и што се друго може да ви текне.

За жал, иако има организации кои се борат за задржување на приватноста на корисниците онлајн, сепак тоа е нешто што изгледа уште многу време нема да биде решено. Секој којшто има нешто да добие од прибирање на информации, во ова време на технологија, ќе изнајде начин како тоа да го направи. Без разлика дали се работи за заработка од реклами или следење на политички противници, едноставно ова е проблем којшто моментално нема решение.

Во видеото во продолжение е еден пример за софтверот којшто се користи за следење на активностите на корисниците, па подобро може да добиете претстава за што се работи.

Извор: TNW, Freedom To Tinker

Претходна статијаСвитливиот Galaxy X се појави на сајт на Samsung, но само како код
Следна статијаOnePlus 5T со право е најпродаваниот модел на компанијата досега
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.