Многу од содржините на интернет сѐ уште се недостапни за земји како нашата, особено оние кои доаѓаат од САД. Нормално, како и се друго на интернет мрежата и ова може да се заобиколи со VPN виртуелна мрежа, која буквално ги лаже сајтовите дека пристапувате од друга земја (по ваш избор), односно од друга IP адреса. Ова особено многу го прават Русите, кои не можат да пристапат на особено многу сајтови (од многу јасни причини), но сега семоќникот Путин направи забрана за користење на сите VPN сервиси во Русија.

Ова сигурен сум дека нема да ги спречи снаодливите Руси да го заобиколат ова правило и повторно да имаат пристап до сите содржини на интернетот, но тоа не е главната приказна тука. Со забраната на користење на VPN, Владата на Русија буквално ги нарушува правата на своите граѓани. Едноставно е – со забраната на користење VPN сервиси, корисникот веќе нема да може да се „скрие“ од операторот, односно да пристапи на интернет без да ги открива својата IP адреса и идентитет.

Со ваквиот потег, руската влада сака буквално сите приватни информации да бидат зачувани на сервери во Русија, а не на сервери во други земји. И да не се лажеме, ова не е направено за да се заштитат граѓаните, туку буквално за да се има поголема контрола на тоа што тие прават на интернет мрежата. На крај, да не помислите дека сум анти-руски насочен – вакви закони се донесуваат и во многу западни земји и се апсолутно спротивни на слободниот пристап на интернет мрежата и заштитата на приватноста и податоците на корисниците, на што верувам скоро секој од вас би се противел.

Извор: Business Insider, TechRadar, IBT

Претходна статијаСтивен Хокинг предупредува дека вештачката интелигенција целосно ќе ги замени луѓето
Следна статијаHTC U11 Plus има помали рамки и опција со полу-проѕирен заден дел