mouse-keyboard

Мислите дека вашиот антивирус програм или најновата надградба на оперативниот систем се доволни за да се заштитите од хакерските напади, односно од вируси? Размислете повторно – иновативните хакери сега може да ве нападнат и преку вашиот безжичен маус или тастатура.

Ова се однесува само на безжичните мауси и тастатури кои работат на радио фреквенцијата со 2,4 GHz ISM, односно оние кои доаѓаат со USB приемник кој го ставате во вашиот компјутер. Најчесто, ова се некои гејмерски мауси и тастатури, но многу од маусите се наменети и за лаптопите.

Од друга страна, маусите и тастатурите кои се поврзуваат преку Bluetooth и кои се обично достапни само за лаптопите, не можат да бидат пробиени од хакери и ако размислувате за купување нов безжичен маус или тастатура, тие секако дека треба да се први на вашата листа. А за оние кои сакаат токму модел на маус и тастатура кој работи на 2,4 GHz фреквенција, еве кои уреди да ги избегнете.

Според фирмата за сајбер безбедност Bastille, уредите кои работат на 2,4 GHz фреквенција можат да се пробијат само со дополнителен уред од 15 долари и неколку линии компјутерски код. Во превод, ова значи дека тоа е прилично лесно и хакерот не треба да е претерано стручен, а не треба ниту да биде многу близу – тоа може да го направи и на оддалеченост од 100 метри.

После пробивањето, хакерот добива целосна контрола на вашиот компјутер преку таканаречениот MouseJack вирус, што е и нормално – ги контролира уредите со кои вие го контролирате вашиот компјутер. Секако, хакерите веројатно не целат приватни корисници и овој вирус е пред се направен за пробивање на владини или компјутери од фирми, но како и да е, добро е да бидеме заштитени.

Интересно, овој вирус може да ги зарази сите десктоп оперативни системи, вклучувајќи ги и Windows, Macintosh и Linux дистрибуциите, што значи дека сите кои имате компјутер или лаптоп треба да бидете особено претпазливи при користењето на ваквите уреди.

Извор: Fox News, Motherboard, CNET

Претходна статијаВо Амстердам се отвори виртуелни кино, во кое посетителите гледаат филмови со VR очила
Следна статијаПретставен агрегаторот за автомобили НајдиАвтомобил.мк