Познатиот германски институт за интернет безбедност AV-TEST.ORG, излезе со најновите резултати од редовното тестирање кое го прават на поголем број на безбедносни апликации.

Најновите резултати се однесуваат на апликациите достапни за Windows 10, односно за домашните корисници. Резултатите се од јуни оваа година, што значи се најмеродавни за апликациите кои моментално се користат.

Од резултатите може да се види дека повеќето тестирани апликации покажуваат прилично добри резултати, односно нема апликација која не нуди барем некое минимално ниво на заштита.

Интересно, поновите резултати покажуваат значително подобрување на Windows Defender кој доаѓа вграден со Windows 10. Ова е одлична вест за интернет безбедноста, поради фактот што голем број на корисници не ставаат или не знаат како да стават некое безбедносно решение, па доколку останат со вграденото во Windows 10, веќе не може да се каже дека се незаштитени.

Како Топ означени апликации се означени следните: AhnLab, Avira, BitDefender, Kaspersky, Microworld, Norton, Trend Micro и McAfee.

Целосната листа на тестирани апликации, како и нивните резултати можете да ја погледнете на следниот линк.

Претходна статијаApple им исплати на Nokia 2 милијарди долари за нарушување на патент лиценци
Следна статијаInstagram Stories со одлична популарност кај корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.