Screen Shot 2014-09-26 at 12.10.52 PM

Некои луѓе имаат наклонетост кон шарање на телото со тетоважи. Некои пак ги избегнуваат поради најразлични причини – не сакаат да се заглават со нешто што ќе им стане досадно по некоја година или месец, не сакаат да привлекуваат непотребно внимание на себе и слично. Сите дилеми околу тетоважите доаѓаат од фактот што се трајни, односно, остануваат на кожата за цел живот, па се прилично битна одлука за секој.

Ако сте сакале да знаете зошто тетоважите траат цел живот, читајте понатаму. Како што веќе знаеме, тетоважите се прават со справа која вбризгува мастило во кожата. Кожата е направена од два слоја, епидермисот (на површината) и дермисот (под него). Со апаратот за тетовирање мастилото се внесува во двата слоја. Кожата редовно ги распаѓа и заменува клетките од погорниот слој (епидермисот) и по некое време (од прилика две недели) го исфрла мастилото од таму, но…

Мастилото кое е влезено во дермисот (кој е составен од колаген, корења на влакна, потни жлезди и слично) не е така лесно да се извади. Тоа што се случува е кога мастилото е вметнато во кожата, тоа го активира имунитетниот систем т.е. макрофагите за да се борат против страната материја. За жал или среќа, тие не се воопшто способни да се борат против истото, па тоа останува во кожата заедно со нив. Дополнително, постојат одредени клетки наречени фибербласти кои ги акумулираат молекулите на мастилото во себе. Тие и кога ќе умрат биваат проголтани од други, помлади фибербласти, а мастилото останува во нив и продолжува да се гледа.

Токму заради сево погоренаведено е скоро невозможно да се уништи мастилото по природен пат, односно, би ви требале неколку стотици години, време кое обично го немаме. Сепак, постојат процедури кои со помош на ласер ги уништуваат молекулите на мастилото, но тие обично се најефикасни за црно мастило, па не секогаш се доволни. Едноставно, ако сте го ставиле името на својата поранешна девојка поради вашата незрелост ќе мора да се носите со таа грешка целиот живот.

Извор: IFLScience, PopSci

Претходна статијаСоздаден првиот синтетички бензин од растенија
Следна статијаLenovo претстави три нови лаптопи од 250 долари, па нагоре