Volocopter
Фото: EnGadget

Ако во автоиндустријата последните години се актуелизира развојот на технологијата за автономно управување, зошто истото да не важи и за леталата? Германскиот производител на летала Volocopter се стреми да ја понесе титулата „прво летачко такси“.

На CES тие го претставија своето летало со 18 ротори, способно да пренесе двајца патници од точка А до точка Б. За Volocopter ние пишувавме и претходно, кога нивното летало го комплетираше еден од своите први летови во Дубаи. Роторите кои го придвижуваат леталото се напојувани од 9 батерии. Секоја батерија напојува по два ротори кои се поставени спротивно еден од друг. На тој начин се обезбедува стабилност во случај една од батериите да откаже за време на летот.

Капацитетот на батериите е доволен за лет од 30 минути. Особено практичен детал е тоа што батериите не мора да се полнат. По слетувањето, истите можат да се заменат во рок од 5 минути. Во моментов леталото се управува мануелно, но од компанијата интензивно работат истото да се одвива автономно.

Проектот изгледа навистина амбициозен, но се очекува да се соочи со низа бирократски пречки. Како и да е, од компанијата предвидуваат дека за комплетирање на проектот ќе бидат потребни најмалку 5 години, што значи дека ќе имаат доволно време за усогласување со правната регулатива.

Извори: Engadget, Spectrum

Претходна статијаОтворен повик за студирање на постдипломските студии на Меѓународната бизнис академија на Економски факултет – Љубљана во Скопје
Следна статијаБезбедноста на нашите компјутерски уреди е речиси непостоечка