Колкава и да е брзината која супер-автомобилите на конвенционално гориво можат да ја развијат, сепак не е доволна за да можат да триумфираат на електричниот сопарник Tesla Model S P100D, во трка на 400 метри. Имајте на ум дека предизвикот го загубија некои од најбрзите возила на денешницата вклучувајќи ги Porsche 911 Turbo S и Ferrari 488 GTB.

Во трките кои во просек траат околу 10,5 секунди, Tesla е ненадминлив и тоа за само една стотинка во однос на двете второпласирани возила. Ваквиот факт не би требало да биде особено изненадувачки со оглед на тоа што самиот погон на електрична енергија нуди многу полесно забрзување од точка на мирување.

Секако, се работи за трка на само 400 метри, популарно наречени Drag, а доколку истите компетитори се најдат на подолга стаза, Tesla не би имал шанси дури ни против четврто пласираниот McLaren 570GT, кој постигнува максимална брзина од речиси 250 км/ч. Меѓутоа, важни за спомеување се и следните детали: Tesla е најтешкиот автомобил во конкуренцијата; всушност не се работи за спортски автомобил, како што е случај во конкуренцијата, туку за фамилијарен седан автомобил.

Сепак, Tesla останува крал на популарните трки на четвртина милја, каде единствениот кој успеал да излезе како победник (во тоа време Tesla Model S P90D) е хрватскиот Rimac Concept S суперавтомобил.

Извор: Mashable, BGR

Претходна статијаIntel ги претстави новите Coffee Lake процесори кои се 32% побрзи од претходната Kaby Lake генерација
Следна статијаAmazon работи на паметни очила со вграден дигитален асистент Alexa