Технологијата за препознавање на линиите на лицето можеби се користи за неважни работи како носиња од куче на Snapchat кога сликате селфи фотографија, но има и случаи кога таа може да помогне. Имено, истражувачи од Националниот Институт за Национално Истражување на Геномите кај Луѓето (да, навистина е толку долго), развиле софтвер кој може да открие ретка болест наречена “22q11.2 deletion syndrome”, односно таканаречен DiGeorge синдром, само преку селфи фотографии.

DiGeorge синдромот предизвикува цела низа на проблеми кај оние кои го имаат, како проблеми со срцето, губење на слухот и промени во фацијалните експресии. Сепак, најголем проблем за откривање на болеста е нејзино дијагностицирање, особено во неразвиените земји, со голем број на популација. Токму тука може да помогне овој софтвер, кој само преку прегледување на селфи фотографии, може да дијагностицира DiGeorge синдром.

Тимот кој работел на развој на софтверот, го развивал на база на споредување на 156 луѓе кои го имаат синдромот и кои го немаат и тоа на фотографии од луѓе од сите раси. Системот ја базира дијагностиката на 126 индивидуални карактеристики на лицето и на истражувањата успеал да погоди во извонредни 96,6% од случаите. За систем кој е базиран само на селфи фотографии, ова е импресивен резултат.

Оваа алатка во иднина може да им овозможи на сите луѓе многу полесно да ги дијагностицираат потенцијалните проблеми со здравјето и тоа не важи сам за DiGeorge синдромот – научниците планираат да го развијат и за Noonan, Williams и Down синдромите.

Извор: CNET

Претходна статијаSamsung DeX Овозможува Продуктивност за Вработените во Постојано Движење преку Трансформирање на паметниот телефон во Десктоп Работна Површина
Следна статијаGalaxy S8 ќе биде достапен во Microsoft Edition верзија