Samsung кои повеќе пати досега го користеа истакнувањето на слабостите на конкуренцијата и со тоа го рекламираат својот производ, излегоа со нова таква реклама. Овие реклами се навистина интересни за корисниците, а сигурно едни од најпознатите такви кампањи беа оние на Apple со кои ги исмеваа компјутерите со Windows.

Во најновата реклама, Samsung покажува пар којшто користат iPhone и Samsung. Дечкото кој го користи iPhone-от со текот на годините се соочува со различни проблеми, од кратко траење на батеријата, малиот простор за податоци, потребата од додатоци за слушалки и слично.

Да не ја раскажувам целата реклама, најдобро е да самите ја погледнете во продолжение.

Претходна статијаOд денес, со секој купен Dell лаптоп донираш
Следна статијаHTC U11+ требал да биде Pixel 2 XL, но Google во последен момент се одлучил на LG
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.