Chicken_Egg_without_Eggshell_5859-800x430

Јајцата се навистина многу хранлив производ и се една од основните исхрани за оние кои вежбаат редовно и сакаат да накачат мускулна маса. Тие се полни со масти, јаглехидрати и белковини (протеини), и тоа во супер сооднос што ги прави скоро идеални за редовна исхрана. Најчесто спортистите ги јадат варени, а поретко пржени. Чим еднаш едно јајце е сварено, понатаму нема одење назад – или ќе се изеде или ќе се фрли. Не постои начин да се одвари јајце. Или сепак не е така?

Научниците од UC Irvine Универзитетот успеаа да ја „одварат“ белката од јајцето. Инаку, белката е составена генерално од белковини и при процесот на варење тие почнуваат да се виткаат меѓусебно, што ја менува нивната боја од проѕирна во бела. Ваквиот процес се вика денатурација. По ваквиот процес многу е тешко белковините да се отплеткаат и да се вратат во нивната оригинална форма, што чини многу и трае околу 4 дена.

Среќа што технолошките достигнувања одат напред неуморно, па така научниците од UC Irvine, преку користење на интересен процес успеале да ја „одварат“ белката. Тие веќе сварената белка ја земале и ја подвргнале на 20 минутно дополнително варење на околу 90 степени целзиусови. Ова ги растурило белковините. Потоа за да може да се поврати една од главните белковини, лисозим, тие додале уреа (што е течност составен дел од урината, но може да се произведе и вештачки). Уреата ги претворила тврдите белковини во течни. Потоа, смесата ја ставиле во моќен вортекс мешач кој и` пружил многу голем притисок.

Со ваквиот процес белковините се стекнале повторно со својата почетна форма и белката од јајцето успешно била „одварена“. Овој процес ќе може да се искористи во индустријата како помош при рециклирање на разни белковини кои често се губат низ разните хемиски процеси и треба да се фрлат. Не сме сигурни дали истиот ќе почне да се користи и во рестораните, во случај ако некој гостин одлучил да ја откаже нарачката со варени јајца, но останува да видиме.

Извор: IFLScience, LiveScience

Претходна статијаОткриена е планета со прстени 200 пати поголеми од тие на Сатурн
Следна статијаLibreOffice 4.4 со подобрени функции и освежен дизајн