Пред неколку недели Samsung излезе со нова реклама која се покажа како популарна најмногу поради стилот во која таа беше направена. Наместо класичното претставување на производот и неговите предности, Samsung отиде во правецот на Apple од времето кога тие ги исмејуваат PC компјутерите.

Samsung во својата реклама прикажа верен корисник на Apple којшто со години го купува нивниот iPhone, меѓутоа со тек на време ги забележува недостатоците. На крај се решава да купи Samsung којшто се разбира никогаш ги немал недостатоците истакнати во рекламата.

Сега Motorola реши да се „приклучи“ на оваа реклама и да направи свое продолжение од истата. Во нивната реклама тие имаат ангажирано актер кој изгледа слично со тој во Samsung рекламата.

Сега корисникот на Apple е веќе корисник на Samsung, па среќно седи и си го користи одличниот Note8. Меѓутоа доаѓа неговата девојка со нов телефон којшто е уште подобар од неговиот.

Се работи за Moto Z2 Play којшто се разбира е одличен уред, а главната карактеристика му е можноста за додавање на разни додатоци како додатна камера, батерија, проектор и слично.

Рекламата е во продолжение, па сигурно ќе ви биде интересна како таа на Samsung.

Претходна статијаСтрујата потрошена за „копање биткоини“ годинава е поголема од годишната на околу 160 земји
Следна статијаMicrosoft почна да го продава Galaxy Note 8 во своите продавници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.