Примената на паметната технологија во нашите секојдневни животи направи големи промени во тоа како функционираме и се повеќе може да се забележат луѓе кои скоро целото време додека се со друштво да го поминат на своите паметни телефони. Сепак, технологијата најмногу ги менува децата од поновите генерации, кои воопшто и не искусиле различен начин на живот, односно за нив главниот начин на конверзација е преку нивниот телефон, таблет или лаптоп.

Според авторот на детските книги “Diary of a Wimpy Kid”, поради ваквиот развој на технологијата, децата се повеќе и повеќе ја губат способноста за конверзација еден меѓу друг. Тој вели дека начинот на кој децата комуницираат денес е сменет фундаментално во однос на поранешните времиња и веројатно и перманентно. Всушност, состојбата најверојатно ќе продолжи да се влошува, наместо да се подобрува.

Тој како пример го наведува возењето во автомобил со своите деца, кои за време на целиот пат гледаат во своите смартфони, што го прави патувањето особено чудно. Поради ова, тој вели дека еден од најголемите проблеми со кои родителите се соочуваат денес е колку нивното дете поминува гледајќи во дисплеј, односно спротивно на тоа колку време поминува во вистинско социјализирање со реална конверзација.

Поради тоа, неговите најнови книги редовно вклучуваат технологија во нив, бидејќи таа е длабоко интегрирана во животите на децата и помладата генерација. Како и да е, тој продолжува да верува во книгите како многу важен дел во развојот на децата, иако многу библиотеки продолжуваат да се затвораат.

Извор: Telegraph, The Irish News

Претходна статијаМакпетрол со 11 медали на државното првенство за кадети, јуниори и постари јуниори
Следна статијаСпоред истражувања на Google, “Phishing” е најголема закана за безбедноста на корисниците