Патувањето со воз и натаму се смета за најудобно – можноста да станете и да прошетате, односно дури и да преспиете на подолги патувања не ја нуди ниту едно друго копнено превозно средство. Наскоро, возовите би можеле да бидат уште поудобни и поинтересни за патување, благодарение на нов концепт на Deutche Bahn наречен “Ideenzug” (воз со идеи), кој има напредна дигитална технологија наменета исклучиво за забавување на корисниците.

Најзабележителен дел се играчките конзоли во возот, кои сигурно ќе привлечат многу млади патувачи. Со нив, компанијата се надева дека ќе одолее на нападот на автономните возила, кои иако сигурно ќе имаат и можност за играње игри, не нудат удобност на ниво на „дневна соба“. Покрај тоа, седиштата во овој воз ќе може лесно да се вртат, односно нема да бидете ограничени на гледање во само една точка.

Покрај дигиталната технологија, овој воз има дури и вежбална, но во финалниот производ таа веројатно би била исфрлена поради безбедносни причини. Имено, според германскиот весник “Süddeutsche Zeitung”, ваков каков што е, овој воз не би можел да помине кај регулаторните комисии, токму поради тие недостатоци.

Како и да е, ние сме доволно среќни што воопшто компаниите размислуваат за ваков тип на транспорт во иднината, кој не е насочен само кон брзината на патувањето, туку и во целосното уживање. Лично би бил еден од првите кој би купил карта за ваков воз!

Извор: Engadget, DigitalTrends, SmartRail

Претходна статија3D принтана храна може да е иднината во нутриционизмот
Следна статијаПоловина Android уреди имаат две години или постара верзија на оперативниот систем