Ако имате стари друштвени игри кои ви собираат прашина дома од времето, време е да ги извадите и да се потсетите. Без разлика дали станува збор за Монопол, Не Лути Се Човече, Скребл, Табла или пак некоја од домашниве, друштвените игри нудат многу повеќе од забава на корисниците. Впрочем, научно е докажано дека играњето друштвени игри има позитивни ефекти врз здравјето.

Се чувствувате добро, бидејќи се смеете. Смеењето испушта ендорфини, кои поттикнуваат чувство на среќа. Споделувањето моменти на смеа и забава поттикнува емпатија, сочувство и доверба кај другите.

Поминувате квалитетно време со семејството. Во хаотичново наше живеење, добро е да се најде време за партија карти или Не Лути Се Човече со најблиските.

Оформувате спомени и ги вежбате когнитивните способности. Ако редовно играте друштвени игри со најмалите, им помагате да ги вежбаат когнитивните способности, со тоа им се развиваат деловите од мозокот кои се задолжени за склопување комплексни мисли и сеќавања.

Го намалувате ризикот од ментални заболувања. Играњето друштвени игри го намалува ризикот од деменција и Алцхајмерова болест, затоа се поттикнуваат и повозрасните да се впуштаат во вакви активности.

Се намалува крвниот притисок. Со смеата, ендорфините ќе ви ја опуштат мускулатурата, со што се олеснува протокот на крв и долгорочно се спушта високиот крвен притисок, кој од своја страна е виновник за срцев удар, оштетувања на артериите и мозочни удари.

Ги забрзувате рефлексите. Играњето шах, табла или монопол ви помага на долг рок побрзо да ги најдете клучевите :) интересно, но вистинито.

Ќе се ослободите од стрес. Тука нема што дополнително да се објаснува :)

Ја поттикнувате работата на имуниот систем, со тоа што ќе се ослободите од стресот и причините кои ви донесуваат негативни и депресивни мисли. Една партија друштвена игра ги поттикнува т.н. „гени за преживување“ во мозокот, помагајќи им да живеат подолго и да се борат со болести.

Го поттикнува раниот детски развој. Играњето друштвени игри им помага на децата да развијат смисла за логика и резонирање, да развијат чувство за критично и просторно размислување, ги вежбаат говорните и комуникациски вештини, способноста за внимание и фокус.

Влијаат терапевтски. Многу друштвени игри бараат од вас да употребите моторика, координација и спретност. Со редовна употреба и пракса, друштвените игри помагаат на мали деца да ги развијат овие вештини, како и на луѓе со психички и физички пречки, возрасни или луѓе кои се опоравуваат од несреќи. Друштвените игри се исто така корисни при терапија на работно место, како и во образовни институции за лица со попречености.

Веќе не е срамота да кажете дека се собирате со друштвото да сплескате некоја партија DND! Само кажете дека одите на терапија ;)

Претходна статијаГео-локацијата се враќа во Google Maps
Следна статијаФеноменот на Facebook демографија