warring-states-tomb-4

Античките варијанти на League of Legends и World of Warcraft пред 2.300 години барем делумно се играле на табли по гробници. Веројатно играњето на игри тогаш било далеку посоцијална активност дури и во овие бизарни услови.

Научниците од Кина пронајдоа табла за една античка игра наречена „Бо“ или „Лиубо“ заедно со зар кој има 14 страници. Зарот е двојно одбележан со бројки од 1 до 6, а две од неговите површини се празни. Таблата заедно со другите компоненти била во многу оштетена состојба бидејќи крадци влегле во гробницата и оштетиле многу вредни антички предмети при крадењето. Научниците пронашле и скелет на човек за кој се претпоставува дека е на некој од крадците (очигледно погоден од карма).

Инаку играта Бо не се игра повеќе од 1.500 години во Кина. Научниците и историчарите немаат добри докази околу тоа како се играла и кои биле правилата, но имаат само едно мало парче поезија каде се споменува истата:

„И тогаш, со зар од бамбус и дрвени стапчиња, играта Лиу Бо започна; страните се завземени; тие напредуваат во исто време; мудро се закануваат. Фигурите се претворени во кралеви, и бодувањето е удвоено. Се појавуваат извици на „пет бели!““ (превод од Дејвид Хокс).

Гробницата е огромна (скоро 100 метри) и скоро целосно ограбена. Во периодот кога била изградена Кина се’ уште не била една држава/империја, туку неколку кои постојано војувале меѓу себе, состојба до доаѓањето на Чин Ши Хуанг кој станува првиот кинески император и ја обединува Кина.

Извор: Geek, Discovery, Live Science

Претходна статијаPi Zero е новиот мини компјутер на Raspberry кој чини само 5 долари
Следна статијаПретставен Huawei Mate 8 – Огромен 6 инчен смартфон од високата класа